Меџити знае кој ќе го замени во Влада ако стане градоначалник на Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, најави дека доколку биде избран за градоначалник на општина Чаир, ќе се повлече од извршната власт, а на неговото место ќе дојде доскорешниот министер за здравство, Беким Сали, објави „4news.mk“.

„Ние, во рамките на коалицијата ВЛЕН, направивме детални анализи и заеднички ја донесовме одлуката дека во моментот кога ќе се вратам во Општина Чаир како градоначалник, функцијата прв заменик-претседател на Владата ќе ја преземе Беким Сали. Тој е човек кој ги има сите потребни квалитети – искуство, знаење, подготвеност за тимска работа и капацитет да ја извршува функцијата дури и подобро од мене“, изјави Меџити.
Беким Сали, кој во јавноста е познат по својата работа како министер за здравство и поранешен кадар на Алтернатива, важи за еден од потенцијалните носители на повисоки државни функции од редовите на ВЛЕН.

Back to top button
Close