Три лица починаа, 11 се исчезнати во поплавите на црноморското крајбрежје на Турција

Три лица го загубија животот во поплавите предизвикани од обилните дождови на брегот на Црно Море во Турција, додека единаесет други се водат како исчезнати, потврди министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу соопшти дека надлежните служби спасиле 127 лица, јавија американските медиуми, додавајќи дека еден од починатите во поплавите бил полицаец.

Поради обилните дождови на турскиот брег на Црното Море и свлечиштата што се придвижија, евакуирани се станарите од станбените згради во провинцијата Риза.

Back to top button
Close