Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад

Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд.
Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање Министер советник.
Салим Сулејмани во мај објави дека поднесува оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието. Како причина за оставката, Сулејмани ги наведе моралната, професионалната и политичката одговорност. Тој по професија е теолог кој служел како муфтија во Струга.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Сулејмани остро го критикуваше неодамнешното приближување на неговата партија кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), особено во контекст на претстојните локални избори.
За Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, се дозна дури во 2022 дека е испратен како генерален конзул во Чикаго, иако бил предложен уште на 20 декември 2019,. П
Актуелната власт како тогашна опозиција критикуваше дека Муслиу бил избран за генерален конзул без никакви критериуми и дека му е шура на тогашниот функцинер од СДСМ, Дарко Каевски.
извор: Фактор.мк