Додик: Мојата судбина ќе ја одлучи народот на референдум
– Претседателот на Република Српска Милорад Доди денес изјави дека останува во Српска и на функцијата што ја држи, и дека нема намера да си замине, а неговата судбина, најави тој, ќе ја одлучи народот на референдумот што ќе се одржи.
„Ќе бидам таму, немам намера да ја напуштам ниту Српска ниту мојата функција. Ќе ги победам со нивното оружје. Судството во БиХ прекрши сè што е можно… Слободно ги промовирам моите идеи и политики и ќе го сторам тоа, да ја градам Србија со народот и само народот може да одлучи како ќе одиме напред“, рече Додик на вонредна прес-конференција во Бања Лука.
Согласувањето за ова, рече Додик, беше постигнато на денешниот состанок со коалициските партнери и претставниците на највисоките власти, во врска со новосоздадената ситуација.
„Коалицијата е решена да продолжи да ја брани уставната и дејтонската позиција на Република Српска, која е загрозена од постапките на Кристијан Шмит“, рече Додик.
Укажувајќи на нелегалниот и нелегитимен статус на Кристијан Шмит, Додик рече дека е прекршен Член 10 од Дејтонскиот договор, бидејќи тие веруваат дека имаат право да ја контролираат судбината на народот.
„Не зборувам лично за себе, мандатот ми го даде народот, ќе го послушаме на референдумот за мене што ќе се одржи во наредниот период“, рече Додик, повикувајќи ги сите Срби во Република Српска да се соберат околу Републиката.