(Видео) Спасен е параглајдеристот кој висеше на дрво високо 30 метри кај Крушево
Спасен е параглајдеристот кој висеше на дрво високо 30 метри кај Крушево, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС).
„Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување предмалку безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист кој за среќа нема сериозни повреди“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Странски параглајдерист кој престојувал во Крушево за да ужива во својот омилен спорт, денеска доживеал невообичаен и опасен настан, кој за среќа завршил без потешки последици.
Додека летал со својот параглајдер тој удрил во дрво високо над 30 метри, во предел во близина на Крушево, и останал обесен на него.