ВМРО-ДПМНЕ: Хидросистемот Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира

Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на ВМРО-ДПМНЕ, се до сега што било направено во системот е од некоја од владите на ВМРО-ДПМНЕ,, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС 7 години целосно го имаше запуштено системот, со натрупани долгови.

Сега системот функционира и ќе продолжи да функционира.

Работиме на санирање на штетите кои што ги остави СДС.

Системот во иднина ќе трпи и модернизации и инвестиции.

Животната средина е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close