„Мултитаскинг“-Меџити: сече ленти како кандидат за градоначалник во работно време на вицепремиер и министер

Во настан кој личеше на предизборен, вицепремиерот, министер за животна средина и осведочен борец против коцкањето и другите пороци, Изет Меџити, денеска во својство на кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ја отвори новата градинка „Бамби“ во скопската населба, која ќе има капацитет за 350 деца.

Далеку пред официјалниот почеток на официјалната предизборна кампања, Меџити, како и неговите колеги од сите партии, наголемо ја тера својата кампања за прв човек на Чаир, кој тој го предводеше и во минатото. Меџити во градинката беше во друштво на актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.

Иако се најавени групи за деца и на бошњачки и турски јазик, на денешниот настан во Чаир доминираше албанската иконографија, со деца облечени во носии. Се зборуваше само албански, а Меџити за настанот информираше преку „Фејсбук“, исто така во објава само на албански јазик.

Back to top button
Close