Дамјановски Циц- Црвенковски нити ја правел нити ја подржува Знам. Минчев е таму од лукративни цели.
Зоран Дамјановски Циц по професија гинеколог долгогодишен социјал демократ и 13 години градоначалник на Куманово во емисијатСтадион на Радио канал 77 зборуваше и за состојбите во кои сега се наѓа СДСМ, за престојните локални избори,за Знам и Максим Димитриевски и за размислувањата на Црвенковски за сето ова како негов како што реше драг пријател со кој се во прекрасни односи и често се гледаат и разговараат.
Не е точно дека Црвенковски стои зад Знам таа перцепција е заради Минчев негов близок пријател кој отиде во Знам од нему познати лукративни причини вели Дамјановски.
Црвенковски напротив беше против создавање на фракции или правење на партиички од незадоволници кои на матичната партија и прават штета и служат само како мост за привлекување гласачи од македонскиот електорат и му помагаат на политичкиот противник. Црвенковски е доследен социјал демократ државник со огромно искуство и штета е според мене што не е во политиката вели Дамјановски.
Тој смета дека времето на Знам одминува и типува дека протикандидатот на Максим Димитриевски , социјал демократот Мартин Костовски има големи шанси да стане новиот градоначалник на Куманово.
Знаете како Максим од локален политичар со мандат за градоначалник кој го доби од Заев стана одеднаш „државник“.
Отиде во некоја колиба на летовање во Бугарија го снимија како ја пее таму „Делете ја парчете ја“ и преку ноќ стана патриот,државник и лидер на неговата партија, Но времето и него и на партијата му поминува како на секоја помала партија која ке биде само искористена од политичкиот противник и толку.
Дамјановски тврди дека никогаш нити бил нити бил симпатизер на Знам. Тој открива дека Зоран Заев без да му објасни го отфрлил од партијата, не бил и миленик на Шекеринска и Минчев но смета дека неможат да му ги негираат успесите кои им ги донел на СДСМ.
Кажете ми еден капитален проект кој за овие 8 години го направил Максим Димитриевски за Куманово,ништо,тој наместо локална тера улога на државник. Јас сум фан на Мартин Костовски,сметам дека СДСМ и Филипче избраа добар кандидат за градоначалник на Куманово на престојните избори, кој е лојален социјал демократ,одличен познавач на потребите на општината во која има работено десетина години и има реални шанси за победи на изборите прогнозираше во емисијата Стадион Зоран Дамјановски Циц.