Приведени четворица возачи на подрачје на СВР Куманово и СВР Битола затоа што управувале возила под дејство на алкохол
Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 2:11 часот го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта.
МВР информира дека на автопатот Скопје – Куманово, во петокот (8 август) во 21 часот, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ кое тој го управувал. При извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.
При сообраќајна контрола во Битола, ноќеска во 2:55 часот, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Ресен во петокот (8 август) во 23.26 часот, го лишиле од слобода Б.Д.(43) од струшкото село Ливада. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи7