Сончево и многу топло време цела седмица

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.

Back to top button
Close