Го нападнале во семејниот дом и му се заканувале со пиштол – повреден скопјанец донесен во Градска болница

Вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје.

Спорeд пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close