Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Соопштение на Левица:
Левица обелоденува нови информации за разрешениот началник на ОВР Демир Хисар – Роберт Мартиноски. Имено, за унапредувањето на Мартиноски клучно било влијанието на актуелниот началник на СВР Битола – Сашо Мирчески, со кој се во блиски фамилијарни односи. Токму поради ваквите блиски односи, кадар кој бил суспендиран во минатото бил поставен за началник од страна на министерот Тошковски.

Дека МВР е претворено во фамилијарно гнездо Левица во минатото алармираше, а сега и јавноста ги посведочи последиците од непотизмот кој го инсталира Тошковски. Уште еднаш потенцираме дека не е доволно само разрешување на партискиот началник, туку МВР мора да поднесе кривична пријава против Роберт Мартиноски за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Фамилијарната блискост на Роберт Мартиноски со актуелниот началник на СВР Битола не смее да биде повод за амнестија на самоволието на партиските началници.

Наместо Тошковски со празни флоскули да ја убедува јавноста дека “секој ќе одговара”, го повикуваме на дело да ја спроведи одговорноста и да не го штити од кривичен прогон неговиот началник!

Back to top button
Close