(ВИДЕО) Рама урива не се „крсти“ како Меџити во мораториум за дивоградбите во Чаир

Албанскиот премиер Еди Рама, споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградби, на „Фејсбук“ напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.

-Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела, напиша Рама.

Кај нас актуелни се веќе неколку месеци цели згради дивоградби изградени на државно земјиште без никакви платени комуналии и приклучоци на диво на струја и вода. Скандалот го откри и упорно го тера градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која беше и нападната од тнр. „командант Барути“ пред една од според неа преку 150 згради дивоградби во оваа општина. Арсовска однесе куп докази за дивоградби и кривична пријава во ОЈО .

Вицепремиерот Изет Меџити кој е екс градоначалник на Чаир во одбрана на дивоградбите тврди дека Арсовска била злонамерна,такви имало во сите општини и во изјава ја „издаде“ намерата на владата во која е и тој дека по изборите ќе имало мораториум за довоградбите односно истите наместо рушење најверојатно ке бидат легализирани како во 2011 та.

Главната обрана на власта од акцијата на Арсовска за откривање на цели згради дивоградби од кои се краде и вода и струја е дека им било спорно зошто баш сега пред избори градоначалничката прозборела етикетирајќи дека тоа го прави од политички калкулации.

Back to top button
Close