Полициски службеници го легитимирале новинарите додека го следеле увидот во Гимазијата во Демир Хисар каде беше пријавено провалување во директорската канцеларија

Новинарските екипи од САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма денеска беа легитимирани од полициските службеници во Демир Хисар додека го следеа увидот во Гимазијата каде беше пријавено провалување во директорската канцеларија. Од полицијата на новинарите им беше кажано да дадат лични карти зашто се воделе како непознати лица на настанот, пренесе СДК.

Фото: СДК.МК

Полициските службеници ги запишаа комплетно сите податоци од личните карти од адреса и датум на раѓање, па дури и бројот на регистерска табличка од возилата. Ова се случи иако новинарите носеа новинарски легитимации

На постапката на полицајците од Демир Хисар со новинарите реагираше новинарот Васко Маглешов од Призма-Бирн мк добар познавач на судството и истражувач аналитичар од оваа област. Еве како експресно реагираше Маглешов.

Недозволиво е полицaјци на јавен простор да ги третираат новинарите идентификувани со новинарска легитимација како „непознати лица“.
Полицијата не смее да се претвори во инструмент за заплашување или замолкнување на новинарството.
Наместо да ги попречува, треба да ги штити оние кои ги извршуваат своето професионално право и обврска – да известуваат за прашања од јавен интерес без страв од институционален притисок.
Во демократско општество, новинарската легитимација е доказ за јавната улога што ја вршат новинарите. Секое друго толкување е чекор кон автоцензура и атмосфера на страв.

Back to top button
Close