Меџити прослави 24 год.од Рамковниот со премиерот и другите колеги од владата. Ахмети не му дојде
Вицепремиерот и кандидат за градоначалник во Чаир Изет Меџити вечерва во клубот на пратениците во Скопје приреди коктел за одбележување на 24 години од Рамковниот договор.
Денес сме собрани овде за да се потсетиме и да оддадеме почит на еден од најзначајните настани од нашата понова историја Охридскиот рамковен договор, кој пред 24 години стави крај на еден болен конфликт и ја отвори патеката кон побезбедна и поправедна иднина за сите граѓани на нашата земја – истакна Меџити.
Според него, август носи длабока симболика, а тоа, како што рече се Илинден и Охридскиот договор кои се два темелни камена на современата државност на Република Северна Македонија.
– Тоа се два датума кои не треба да живеат само во календарот, туку и во нашата колективна свест. Тие нè потсетуваат дека само преку заеднички напори, жртва и дијалог можеме да изградиме функционално, праведно и демократско општество – потенцира првиот вицепремиер.
На коктелот му дојде премиерот Мицковски со министри од ВМРО ДПМНЕ. Отсуствуваше еден од главните актери на конфликтот кој спречи граганска војна,командантот на тнр. ОНА актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети. Ги немаше ни лидерите на опозицискиот Европски фронт предводен од партијата на Ахмети.
На коктелот на кој како што соопштуваат од владата покани биле испратени до сите владеачки и опозициски партии во државава не беше забележано присуство на париите на македонските опозииски партии но иако поканета не дојде и председателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.