Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани 181 пожар

Во изминатите 24 часа, во Србија се евидентирани 181 пожар, а во гаснењето во Костол, општина Кладово, беа ангажирани два хеликоптера, околу 50 пожарникари-спасувачи, како и членови на доброволни противпожарни друштва и јавни претпријатија. Тоа го изјави Лука Чаушиќ, началник на Одделот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тој рече дека на тоа место пожарот зафатил повеќе од 100 хектари трева и ниска вегетација и дека изгорела помошна зграда, но дека нема жртви или поголема материјална штета.

Тој апелираше до граѓаните да не горат стрништа, ниска вегетација и ѓубре на отворено, со оглед на тоа што претстои период на топло време, што овозможеува појава и брзо ширење пожари. зш/
фото МВР Србија

Back to top button
Close