МВР трага по двајца од четворицата осомничени за пукањето во Тетово

Против овие две лица и уште еден возрасен и еден малолетник МВР поднесе кривични пријави во врска со вооружената престрелка, а на барање на Обвинителството, тетовскиот суд им одреди 30-дневен притвор

Двајца од четворицата осомничени за пукањето во Тетово се во бегство, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), додавајќи дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Против овие две лица и уште еден возрасен и еден малолетник МВР поднесе кривични пријави во врска со вооружената престрелка, а на барање на Обвинителството, тетовскиот суд им одреди 30-дневен притвор.

Тројца возрасни и еден малолетник осомничени за пукањето во Тетово, одреден им е притвор

„Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, кој беше лишен од слобода на 11.8.2025 се поднесени кривични пријави поради основи на сомнение дека сториле кривично дело ‘убиство’, ‘неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’, ‘тешки дела против општата сигурност’“наведуваат од МВР.

Против другите двајца осомничени, извесни М.Т. (45) од Тетово и З.М. (37) од Гајре, кои се во бегство, поднесени се кривични пријави поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „тешки дела против општата сигурност“.

„За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода“,додаваат од МВР.

Back to top button
Close