ВМРО-ДПМНЕ: Доколку имало нешто спорно во Агенцијата, досега ќе ги затвореа луѓето
СДСМ денес повторно вели дека имало спорен момент во раководењето на Националната агенција Еразмус +, односно бил спорен моментот од 2014 година до 2017 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека СДСМ беше на власт 7 години од 2017 година до лани и доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, не само што ќе ги затвореле луѓето, туку и ќе ги снимале и омаловажувале ,,како Гордана и Миле“.
,,СДС имаше можност 7 години да провери и да расчисти доколку имало некаков криминал. Но, на нив им одговараше Лидија Димова и таквите како неа, а секако тоа му одговарало и на тогашниот претседател Заев, кој можеби со тие пари и си ја има купено јахтата, во која заедно со Филипче уживаат на Егејското море.
Лицемерието на СДС е огромно. Нивните поранешни функционери тонат во криминал и корупција, нема институција во која немаат направено криминал, ама затоа имаат судии и обвинители кои ги штитат. И на ова ќе му дојде крајот“, велат од владејачката партија.