Голем пожар кај Октиси, во опасност имотот на жителите – побарана итна воздушна интервенција

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.

-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови

Back to top button
Close