Инспекторатот со казни за концертот на Петар Грашо во битолска Хераклеа

Повеќе од 2,000 билети биле продадени за концертот на Петар Грашо на Хераклеа во Битола, дозволено било присуство само на 600 посетители.

Од продукцијата тврдат дека протоколите не се прекршени.Државниот пазарен инспекторат пак вели иако се започна по сите протоколи, истите биле прекршени па ќе следи соодветен поднесок до организаторот.Одговорност бара и министерот за здравство Венко Филипче.

Не ги прекршивме протоколите !!! Вака за Тв 24 кусо одговори Игор Стефановски од Прагма продукција, кој го организраа концертот на Петар Грашо на античкиот локалитет Хераклеа во Битола.

„Немаше нарушување на мерките, имам записник од ДПИ, и ве молам писмено да ми се обратите и ќе ви одговорам.“ – вели Игор Стефановски – ПРАГМА ПРОДУКЦИЈА.

Она што видовме од фотографиите и видеата воопшто не личи на почитување на протоколите. Колку луѓе го посетија концертот?

Иако соодветно беа испратени писмени прашања, до затворање на дневникот од продукцијата не ни одговорија.

Од пазарниот инсекторат од Битола, за ТВ 24 велат дека, на почетокот на концертот се било по пропишаните протоколи, но откако тие заминале, маските паднале, а забавата започнала како во убавите времиња, без коронавирус.

„Првичниот записник е направен во 21.30, кога се беше во ред, влез, сместување на посетителите, се беше во ред, пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт.подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок.“ – вели Лилјана  Талевска – раководител за инспекциски надзор Битола.

Единствениот музички новинар кој присуствувал на концертот вели дека ваква гужва на Хераклеа немало ни во нормални услови, без ред и без дистанца, и тој самиот со својот фотограф стравувал не само од ширење на вирусот туку и од стапамедото кое поради мал инцидент би можело да се случи. Концертот наместо во 22.00 започнал во 22часот и 40 минути и широко отворен влез за сите кои сакаат да присуствуваат.

„Беше најавено дека билетите се продаваат само преку интернет, за да се избегнат контакти на билетара, но истиот ден беше  објавено дека ке се продаваат на карти и на билетара , но во ограничен број.Но испадна дека според мој проценки и извори од вработените во билетарата  дека биле продадени над 2-3000 билети за целиот концерт, а според протоколот било дозволено само 600 билети.“  вели Филип Етмишовски – новинар во музика 24.

Филип Етмишовски вели дека ги следи сите концерти, кој се организраат во време на пандемија под посебни мерки за заштита, но концерот на Петар Грашо дефинитивно ги прекршил сите протоколи.

„Присустував на концертот наЖељко Бебек, на Мира Медуњанин, на Дарко Рундек, во однос на организацијата на Авалон продукција морам да напоменам дека има огромнна разлика од организацијата на концертот на Петар Грашо, огромен тим работеше на организацијата, редарите опоменуваа и за најмало зближување на посетителите, за играње на концертот, со цел да се запази социјалната дистанца, немаше можност нико да ја смине маската, бидејќи редарите опоменуваа. За ралика од концерот на Петар Грашо редарите дали по напаствије на организтарот или самостојно, воопшто не реагираа и стоеја настрана и немо посматраа како се прекршуваат протоколите.“  вели Етмишовски.

Министерот за здравство Венко Филипче преку фејсбук статус побара надлежните инспекции да го казнат организаторот на концертот на хрватската ѕвезда Петар Грашо на античкиот локалитет Хераклеја во Битола. Филипче бара соодветни санкции за организаторот бидејќи не го почитувал протоколот за одржување концерти, кој Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести го подготвувале заедно со организаторите на настани и манифестации.

Back to top button
Close