Заборавените ткајачи на економијата – текстилниот сектор остана без 5.300 работници, фабрики се гасат

Над 5.300 работници се одлеале од текстилниот сектор за седум  месеци. За три недели пак се затвориле три фабрики од по 100 тина вработени само во Штип, покажуваат податоците до кои дошле од  Здружението за заштита на работничките права, Гласен Текстилец.

Велат дека бројките за секторот се алармантни. Причините се најразлични,  од ниски плати и лоши услови за работа, до нелојалната конкуренција и состојбата во која се наоѓаат странските партнери. Но, сметаат дека е крајно време работодавачите  да преземат нешто за да ја спасат оваа традиционална индустрија.

Од јануари до јуни има 5393 одјави од текстилната индустрија. 81 процент од тие се жени, а 44 проценти се жени над 50 години кои што цел живот имаат работено во овој сектор, целиот работен век и кои што се сега тешко вработливи. Дајте да видиме што може да направиме ние како државата. Ајде таа нелојална конкуренција дајде тој увоз не знам веќе како дајте да ги стопираме тие работи и да го унапредиме нашето производство. Ние сме научени овие години само кредити да земаме кои не знаеме каде завршуваат, изјави за Телма Кристина Ампева од Гласен Текстилец

Забелешки има и за тоа што само 1, 7 проценти од унгарскиот кредит завршиле кај текстилните фирми и дека се потешко доаѓаат до свежи пари.

Една од фирмите која што е интервјуирана таму велат дека имал заложено имот од 450 илјади евра барал 80 илјади евра кредит да ги спаси 40 те вработени кои што се кај него тоа е фирма која што работи нивно производство нивен бренд ХТЗ опрема и не му биле дозволени. Кој прави контрола на сето тоа, додава Ампева

Работодавачите велат дека се свесни за ситуацијата. Но, не се оптимисти дека некој ќе се обиде да преземе нешто за да го спаси домашниот текстил. Велат, до сега имале неколку обиди за тоа.

Бруто платата порасната за 158 проценти а додека цените на услугите кои што ни ги плаќаат нашите партнери пораснале за 77 отсто. Тоа е ламја која ве јаде е не може да ја покриете со никакво штедење ниту продуктивност. На некој министри уште пред 15 години кога сме барале олеснувања ни рекоа па не вие и да затворите ќе си одиме во зоните ќе ги вработиме таму луѓето и нема да има проблем. Така да ниту една влада до сега не покажа интерес да се заштити овој сектор, вели Ангел Димитров од Мода, Свети Николе

Според, бројките на Гласен текстилец текстилната индустрија учествува со над 10 отсто во вкупното индустриско производство. Оваа гранка некогаш важеше за сериозен мотор на домашната економија.

Back to top button
Close