Приведени двајца пиромани во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар


Денеска (14.08.2025) во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”, објави 4NEWS.mk

Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

Back to top button
Close