(Вознемирувачкa содржина) Брутална полициска интервенција во Ваљево – претепани и приведени граѓани

Протестот „Вечерва пукате по шавови“, организиран од студенти во Ваљево, заврши со жестока полициска акција и бројни повредени граѓани. Според снимките објавени на социјалните мрежи и пренесени од Нова.рс, униформирани полицајци користеле прекумерна сила, а дел од демонстрантите биле брутално претепани.

Напнатоста во градот траела целата вечер. На клучните раскрсници биле поставени двојни полициски кордони во опрема за разбивање демонстрации, кои го блокирале пристапот кон улицата Хајдук Вељкова. Присутните скандирале против актуелната власт, претседателот и полицијата, јавува Нова.рс.

Видеата што кружат онлајн прикажуваат полицајци како тепаат граѓани, вклучително и оние кои се обиделе да се засолнат во влезовите на станбените згради. Според очевидци, полицијата влегувала по нив и продолжувала да ги удира.

Еден млад човек бил нападнат од повеќемина припадници на полицијата во опрема за немири, а граѓаните сведочат дека органите на редот апселе и тепале без разлика дали лицата учествувале во протестот. Имало случаи кога полицијата влегувала во околните барови, извлекувала луѓе надвор и физички ги нападнала пред да ги приведе.

Back to top button
Close