Фон дер Лајен: Силни гаранции за безбедноста на Украина и Европа се клучни за мир
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека силни безбедносни гаранции за Украина и Европа се суштински за секое мировно решение што ќе стави крај на војната.
„ЕУ тесно соработува со Зеленски и со САД за да постигне праведен и траен мир. Силни гаранции за безбедност кои ќе ги заштитат виталните интереси на Украина и Европа се од суштинско значење“, напиша Фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа „Икс“.