Прилепчанец ја удрил со кола и ја тепал сопругата од која се разведува
Прилепчанец ја удрил со возило, па физички ја нападнал и и го оштетил возилото на сопругата со која се разведуваат.
„На 15.08.2025 во 15:40 во полициската станица во Прилеп 31-годишна жена од Прилеп пријавила дека околу 10:30 часот во близина на куќата каде престојува, била нападната од нејзиниот сопруг И.И., со кого се во бракоразводна постапка“, инфрормираа од полицијата.
Според пријавеното, тој прво со своето возило „голф“ ја удрил пријавителката, а потоа и физички ја нападнал, а и го оштетил и возилото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок