Алијанса за Албанците: Во Собрание се потврди дека Влада нема легитимитет
Во Собранието, највисоката законодавна институција во земјата, позната и како „дом на граѓаните”, денеска и официјално беше потврдено она што го кажуваме веќе една година – оваа Влада нема етнички легитимитет, не ги претставува сите граѓани и сите етнички заедници, туку е моноетничка и се обидува да ги наруши и дискриминира другите, особено Албанците, соопшти АА на Зијадин Села.
-За време на гласањето за измените на Изборниот законик, предлогот на оваа Влада доби само 11 гласови од пратениците на немнозинските заедници, додека 18 гласаа против. Ова е уште една официјална потврда дека оваа Влада нема Бадентерово мнозинство и дека сака да функционира без еден од главните столбови на Охридскиот договор и важечкиот Устав – велат од Алијанса.
АА ги повикува албанските партии во Владата да го напуштат овој вазализам, правилно да ја прочитаат волјата на Албанците и да го прифатат фактот дека немаат потребен легитимитет да останат таму каде што се, потчинети и понижени секој ден