ЦУК: Два активни пожари, еден под контрола

На ден 16./17.08.2025 година до 08:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои: активни се 2 пожари, под контрола 1, а изгаснати се 24 пожари, велат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод – Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума), како и во Општина Куманово и Липково – с. Лојане и с. Табановце (ниска вегетација и мешана шума). Под контрола е еден пожар во Општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје (пасишта и мешана шума).

Back to top button
Close