Бујар Османи најави механизми за ефикасност „Чаир 48“

Кандидатот за градоначалник на ДУИ за Чаир, Бујар Османи, денеска пред зградата на општината излезе со пакет конкретни механизми за работа доколку биде избран за градоначалник на општината. Предлозите се воведување на јавно табло со неделен план и статус на задачи, проект „Чаир 48“ за одговор/решение на пријави во рок од 48 часа, вторник како „отворен ден“ без закажување, брза комунална екипа и јавен календар на средби и одлуки на општината.
,,Оваа рамка директно го погодува коренот на проблемот кој со години ја следи општината: неефикасност, слаба координација меѓу службите и отсуство на видливи рокови. Граѓаните ретко знаат кој е задолжен за конкретен проблем, кога ќе биде решен и зошто доцни. Јавното табло, ако навистина се ажурира редовно и прецизно може да внесе најосновна, но пресудна промена: дневна видливост на работата.
Воведувањето рок од 48 часа за „мали“ комунални интервенции (дупки, улично осветлување, отпад, небезбедни точки) е амбициозен зафат. Во пракса, ваков стандард бара дисциплина во прием и класификација на пријавите, доволно екипи на терен и резерви во буџетот за брзи поправки. Добро е да се разграничат активностите на општината меѓу „брзи“ или интервентни и „капитални“ работи и во таа насока ова е добра идеја. Граѓаните побрзо ќе разберат што реално може да се заврши за два дена, а што бара проект и тендер“, соопштуваат од партијата ДУИ.
Во говорот, Османи најави и утрински брифинзи со службите секој работен ден во 07:30 часот, со јавно објавување на дневниот план. Ваквиот ритам на координација може да „одврзе“ многу мали блокади меѓу секторите под услов плановите да не останат на хартија, туку да се следат и да носат последици ако доцнат.
,,Од друга страна, искуството во Чаир покажува дека проблемите ретко се еднодимензионални. Освен организацијата, постојат ограничувања како буџет, јавни набавки, координација со Град Скопје и државни институции, па и долготрајни правни спорови околу јавни површини. Затоа, најавите денес звучат охрабрувачки, но ќе бидат тестирани веќе во првите недели со „малите“, секојдневни барања на граѓаните“, велат од ДУИ.

Back to top button
Close