Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и пораст на температурата

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, над 15 литри на метар квадратен. Ќе има и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Back to top button
Close