За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Како што наведува Андоновски на својот фејсбук профил, на Порталот се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат 7 978 барања за услуги.

-Во август ја поминавме бројката од 180 000 корисници, со 180 143 регистрирани корисници на Порталот. Вкупно 201 електронска услуга се достапни на порталот, а месечно се поднесуваат 7 978 барања за услуги, информира министерот.

Back to top button
Close