Нотингем Форест го договори трансферот на Даглас Луиз од Јувентус
Премиерлигашот Нотингем Форест ги договори сите детали околу доведувањето на Даглас Луиз од Јувентус, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Бразилскиот играч од средниот ред е проценет на повеќе од 30 милиони евра, а за неговите услуги летово беа заинтересирани голем број други европски клубови.
Се очекува 27-годишниот Луиз денеска да пристигне во Англија и во текот на утрешниот ден да ги мине задолжителните медицински прегледи пред да потпише договор со Форест.
За Луиз тоа ќе биде враќање во Премиер лигата во која настапуваше од 2019 до 2024 година како фудбалер на Астон Вила.