Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска (петок – 20 ноември), сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.
Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Натпреварот ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.






