ВИДЕО: Мицкоски на гробишта во Кочани, родители се пожалија на притисоци и заплашување
„Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава, сѐ што мислите да правите, да кажете, да објавите, сѐ што мислите, од мене имате поддршка“.
На ова мајката возврати: „Од вас можеби имаме поддршка, но на претходниот Марш имаше луѓе што сакаа да дојдат од Штип, од Виница, но кај ‘Национал’ се сопрени, претресни и е правено претрес. Тие не се убијци, атентатори…“
„Секој кој што сака да се прилучи и да даде поддршка, ја има мојата поддршка, секој, еве јавно кажувам, пред камера овде. И никој нема право ниту да ве претресувани ниту да ве легитимира, надвор од законот“, рече Мицкоски.