„КликниЈади“ прекинува со работа на неопределено време
Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака:
„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“
„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во изминатите речиси десет години успеа да се етаблира како еден од лидерите во индустријата за онлајн достава на храна во Скопје