Османи реагира дека се демонтира Охридскиот договор, по сугестијата на министерот Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство

“Со ова се потврдува дека планот за демонтирање на Охридскиот договор се реализира чекор по чекор”.

Ова е реакцијата на потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на насловот на интервјуто  објавено во најновиот број на неделникот ,,Фокус”, со министерот за правда Игор Филков, кој гласи: ,,Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“.

Во интервјуто, објавено во денешниот број на неделникот „Фокус“ тој одговори на прашањето врзано за донесувањето на Изборниот законик во македонското Собрание. Новинарското прашање се однесуваше на тоа дали ќе има време да се донесат измените во Изборниот законик за да се овозможи учеството на независните кандидати на изборите. Односно, дека експертите предупредија дека во спротивно изборниот процес може да биде прогласен за нелегален, оспорувајќи го толкувањето на премиерот Мицкоски и ДИК, дека нивното учество е регулирано со подзаконски акт.

Интервјуто е водено пред саботното гласање во македонското Собрание на кое не се изгласаа измените во Изборниот законик.

-Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието веќе ќе ја има завршено домашната рабвота и нема да дозволи да се создаде правен вакуум. Но, доколку тоа не се случи, значи употребата Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Ако е така, тогаш можеби е дојдено време да размислиме за потребата тоа да се ревидира. Македонија мора да оди напред – одговори Филков.

Интервјуто во целост може да се прочита во неделникот Фокус кој е достапен и на ОВОЈ ЛИНК

 

Back to top button
Close