Норвешка формира втора арктичка бригада, која ќе ја надгледува границата со Русија
Норвешка официјално формираше втора бригада во арктичкиот регион на границата со Русија, со што се приближува до ветувањето дадено на НАТО за тројно зголемување на бројот на бригади до 2031 година.
– Мораме да живееме со опасната и непредвидлива Русија. Формирањето на бригадата „Финмарк“ е неопходен одговор на неизвесната безбедносна ситуација во светот, изјави норвешкиот министер за одбрана Торе О. Сандвик.
Како еден од најсеверните воени гарнизони во светот, бригадата ќе ја набљудува руската граница и нејзиниот милитаризиран полуостров Кола.
Во Норвешка повеќе од 4.500 војници се во активна должност, но тој број е значително дополнет со Домашната гарда од над 40.000 кои завршиле 12 месеци почетна служба. Норвешка регрутира и мажи и за жени.
Бригадите на НАТО обично бројат 3.000-5.000 војници, а Норвешка е подготвена дополнително да ги прошири своите воени капацитети со трета бригада, која ќе биде стационирана на југот од земјата.
Бригадата „Финмарк“ дополнително ќе биде зајакната со борбена воздушна одбрана, артилериски баталјон, еден лесен пешадиски баталјон, инженерска чета и разузнавачка ескадрила, според долгорочниот план за одбрана на земјата.