Нетанјаху: Дадов инструкции за преговори за ослободување на сите наши заложници
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека дал „инструкции веднаш да се почнат преговори со цел ослободување на сите“ израелски заложници во Газа.
Тој посочи дека тоа е одговор на новиот предлог за примирје претставен од посредници.
– Дадов инструкции веднаш да се почнат преговори за ослободување на сите наши заложници и да се заврши војната под услови прифатливи за Израел, истакна Нетанјаху.
Тој додаде и дека се подготвува да ги „поддржи“ плановите на израелската армија за освојување на градот Газа.