Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити следната година

Данските средношколци ќе можат да користат вештачка интелигенција од 2026 година на усниот испит по англиски јазик на матурскиот испит, објави денеска данското Министерство за образование.

За време на испитот, учениците ќе можат да користат вештачка интелигенција во подготвителната фаза за усниот испит – откако ќе се даде тема, секој ученик ќе има еден час за подготовка, во кој ќе му биде дозволено да ги користи сите алатки, вклучително и генеративната вештачка интелигенција, што досега не беше дозволено.

Потоа, ќе мора да полагаат устен испит, пред испитувач.

Данска дозволува ограничена употреба на интернет за време на испитите од 2008 година, обидувајќи се да го поттикне развојот на дигитализацијата во учењето.

-Спроведуваме испитувања за да најдеме добра рамнотежа, објасни министерот Матијас Тесфаје во изјава.

„На тој начин, учениците се развиваат истовремено во аналогниот и дигиталниот свет, ние ги подготвуваме на најдобар можен начин за реалноста по училиште“, рече тој.

Беше објавено дека користењето на помош од вештачка интелигенција ќе им биде достапно на средношколците кои доброволно ќе се пријават и ќе се применува само во општа насока.

Back to top button
Close