Два активни пожари – гори во Долнени и на влезот во Крушево
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, во „Јасен“, каде што гори мешана шума и на планината Кожув во Општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума
Од вкупно седум регистрирани пожари на територијата на државата, по два се активни и ставени под контрола, а изгаснати се три, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума и во Општина Крушево, каде што гори депонија на влезот од градот.
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, во „Јасен“, каде што гори мешана шума и на планината Кожув во Општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во Штип, кај селото Судик, во Дебар кај селото Елевци и во населбата Гоце Делчев во Куманово.