По 57 обиди, Косово го конституира Собранието
Пратеникот на Самоопределување, Димаљ Баша, е новиот претседател на косовското Собрание. Баша беше избран на 58-та седница на конститутивната седница со 73 гласа „за“, 30 „против“ и три „воздржани“.
Пратеникот на Самоопределување, Арбери Нагавци, изјави дека партијата повторно го номинира Димаљ Баша за претседател на Парламентот.
Таа потсети дека Баша бил пратеник во парламентот три мандати и дека живеел, работел и студирал во Соединетите Американски Држави.
Посочи дека во Америка работел во канцеларијата на конгресменот Елиот Енгел, голем поддржувач на Албанците.Таа, исто така, истакна дека Баша е американски државјанин.
Баша добил гласови од Самоопределување, од чии редови е, како и од пратениците на Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, со исклучок на пратеникот Тим Кадриај.
Самоопределување го предложи Баша за време на последниот обид за конституирање на Собранието, пред два дена, но тогаш тој доби само 57 гласови, 25 гласаа против, а 24 беа воздржани.
Баша беше петтиот предлог на Самоопределување за претседател на косовското собрание.