(Видео) Возеше и слушаше говори од Ердоган, но згреши и беше си ја плати казната
Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри на час, што е значително над дозволеното ограничување од 140 километри на час. Пораката што ја придружуваше снимката гласеше: „#ТурцијаЗабрзува“.
Türkülerle Ankara-Niğde Otoyolu hatırası… 📹🎶
Yorulduğumuzda Sn. Cumhurbaşkanımızdan ilham alıyor, “Yeterince çalışmadık” diyerek yolumuza devam ediyoruz…#TürkiyeHızlanıyor 🇹🇷 pic.twitter.com/iGToOlTpfD
— Abdulkadir URALOĞLU (@a_uraloglu) August 24, 2025
Неколку часа подоцна, министерот повторно се огласи, овојпат со признание дека направил грешка. „Ненамерно накратко го надминав ограничувањето на брзината,“ напиша тој, додавајќи дека е казнет со 9267 турски лири (околу 190 евра).
Уралоглу објави и копија од прекршочната казна, нагласувајќи дека во иднина ќе биде „многу повнимателен“ и дека „почитувањето на ограничувањата на брзината е обврска за сите“. Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично забележаа дека токму министер задолжен за транспорт мора да биде пример во сообраќајната култура