Османи: Македонците во Чаир му се лутат на Мицкоски за создавањето поделби со Албанците за политички поени

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, предупреди дека националистичките изјави и обидите за заплашување со Албанците од страна на премиерот Христијан Мицкоски создаваат страв и загриженост меѓу граѓаните, особено меѓу Македонците кои се малцинство во Чаир.

„Јас тропам секој ден на вратите на Чаир и зборувам со многу Македонци кои ми велат дека она што го прави Мицкоски, обидот за понижување на Албанците, создавање поделби и страв од Албанците ги загрижува токму Македонците во Чаир. Кога слушаат како премиерот секој ден ги навредува нивните сограѓани и им порачува дека ќе ги ‘влечеме за уши’ или дека ‘не ја сакаат државата’, тие стравуваат каков ќе биде одговорот кон нив“, изјави Османи.

Османи потенцира дека најважен е соживотот во Чаир и дека националистичките пароли служат само за политички поени.

„Не ги слушајте националистичките пароли, затоа што целта им е избори. Дури и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги среќавам секој ден ми велат дека им е најважен соживотот и почитувањето на сограѓаните Албанци. Многу се лутат на премиерот што постојано се обидува да ги навреди Албанците за политички поен плус“, вели Османи.

 

Back to top button
Close