Филипче: Во првиот круг настапуваме со нашата коалиција, а за вториот ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека во првиот круг на локалните избори, нема да влегуваат во нови коалиции.
.

„Во однос на коалициите, во првиот круг на изборите настапуваме со нашата коалиција, а во однос на вториот круг на изборите, ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок“, рече Филипче.

До почеток на следната недела, ќе ги презентираат кандидатите и за останатите општини, кои досега не се презентирани.

„Избрани се најдобрите кандидати, кои кога ќе ја презентираат програмата, ќе можат да ја остварат. Ние настапуваме со наши кандидати, тие кои се најдобриот избор. Имаме големи планови за развој на големите општини и мирко планови за да се решат малите проблеми“, додаде тој.

 

Back to top button
Close