Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен

Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што велат, потенцијалната еколошка катастрофа, пренесе Независен.

Мора да има правда за коријата, упропастената дабова шума и загрозувањето на нормалното функционирање на животот на мештаните во Љубојно, велат за „Независен“, жители на ова село, поставувајќи го прашањето:

„Кој е тој што дозволува да се уништат белите дробови на Преспа, на Македонија?“

Денеска дел од жителите на Љубојно почнаа со мирни протести не само во селото, туку и пред канцелариите на ресенската подружница „Преспа дрво“.

Повеќе

Back to top button
Close