Тошковски: Од 2026 пешаците ако зборуваат на мобилен телефон ќе бидат казнети
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите на моторни возила, туку и за пешаците и велосипедистите.
„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека,“ изјави Тошковски.
Тој нагласи дека новите мерки се дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е зголемување на безбедноста на улиците и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци.