Планинарска тура на ПК Тетекс долга 30 километри

Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово изведе планинарска тура која според уредите за навигација претставувала пешачење на патека со севкупна должина од 30 километри. Пешачењето започнало во 7.30 часот на Попова Шапка, а завршило во 18.30 во Тетово.

-Ова беше долга но убава планинарска тура, со почеток на Попова Шапка, па одење до Јелачки Црн врв, по што следуваше движење во правец кон шарпланинските села Бродец и потоа кон Селце со крајна дестинација месноста Бањиче на 2 километри од Тетово.  Половина од турата е низ шумските предели, додека останатиот е на патеките, земјен пат и слично што значи изложеност на сонце.  Периодот е таков што убавина на ваква тура дава можноста да се види и собере изобилство на шумски малини и јагоди, изјави Снежана Новаковска, претседателка на клубот.

На турата учествувале 13 планинари од клубот со одлична психо-физичка кондиција за ваква долга планинарска дестинација.

Back to top button
Close