(ВИДЕО) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.
Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.
Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати се регистрирани токму во Кунар, а најмалку десет жртви има во соседната провинција Нангархар. Многу села се целосно уништени.
These are heartbreaking scenes in Afghanistan. Pakistani govt and especially Kp Govt should come up to help these afghans. @SupariKhan @FaisalAminKhan @MeFaheem @_IrfanSaleemPTI @IKPeshawar
— Majid Khan (@BraveMajid) September 1, 2025
Очевидци опишуваат сцени на очај: „Децата се под урнатините, старите лица, младите…“ изјави жител на Нургал, една од најтешко погодените области. Луѓето со голи раце копаат низ урнатините во обид да ги пронајдат своите блиски. „Ни треба помош. Ни требаат луѓе да дојдат и да ни помогнат да ги извлечеме нашите мртви,“ велат локалните жители