Филипче: Предлагаме укинување на одредбата што дозволува 8% намалување на откупната цена доколку лозарите сакаат побрза наплата на гројзето
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот прес во собранието го образложи Законот кој што ќе го поднесеме во Собранието за поддршка на лозарите во врска со откупот на грозјето
“ Дозволете денеска да го образложам законот кој што ќе го поднесеме во Собранието за поддршка на лозарите во врска со откупот на грозјето, имено после повеќето средби кои што ги имав изминатиот период и во Скопје, Кавадарци и Неготино се наметна потребата да предложиме измена на Законот за вино со кој лозарите ќе добијат дополнителна сума на пари, субвенција по килограм произведено грозје. Иако владата се пофали дека откупната цена на грозјето е зголемена за половина денар, тоа не е никако образложена и е зголемување на основната цена кога се споредува со лани без никаква дополнителна субвенција.“
Имено заклучно со 2023 година на основната цена откупна за грозјето лозарите секогаш добивале по денар, два, три, некогаш до пет денари субвенција по килограм гројзе. Дополнително на тоа од минатата година постои закон кој што владата не го испочитува а во тој закон е точно наведено дека во јули месец владата согласно методологија ја одредува производната цена на гројзето, значи прави калкулација на сите трошоци, работна рака, материјал, средства за прскање, трошоци за наводнување и од таа објавена цена која што јавно оваа година не ја видовме винариите имаат обврска да додадат дополнителни 25% и тоа да биде откупната цена на гројзето, за жал ниту владата се водела по методологијата за одредување на производната цена на грозјето, ниту пак дала соодветна откупна цена, ниту пак ги зела предвид сите зголемени цени на трошоците при производство на гројзето оваа година кога се споредува со минатата година.
Во таа смисла предлагаме измена на Законот за вино во кој што бараме и се надевам дека Владата ќе има слух и ќе излезе во пресрет дополнителни три денари по килограм предадено гројзе за сите лозари кои ќе го предадат гројзето кај регистрираните винарии во периодот од 1-ви август до 30-ти ноември 2025 година, понатаму поддршката важи и за оние лозари кои не биле корисници на финансиска поддршка согласно програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година а во Интервентиот фонд за земјоделство има пари оваа мерка да реализира.
И уште еден предлог во измената на Законот, укинување на одредбата од постоечкиот закон кој што дозволува 8% намалување на откупната цена доколку лозарите сакаат побрза наплата на гројзето и на тој начин се става крај за на некој начин се манипулира на грбот на лозарите од една гранка од која што во државата живеат над 11 000 семејства..