Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се провидни и предизборни манипулации

Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се провидни и предизборни манипулации, реагираат од Левица Аеродром.

– Изјавите на в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, кои повторно ја користат депонијата Вардариште за предизборни манипулации и собирање евтини политички поени се трагикомични и провидни.

Вистината е јасна, проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и соодветно да интервенира преку надлежните институции. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите кои палат оган, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање на проблемот.

Наместо да се бараат оправдувања и да се префрла вината во стилот на „немаме ингеренции“, да одговорат на граѓаните кои со право прашуваат: зошто ДПМНЕ четири години ништо не направи? Зошто ветувањата од пред четири години за Вардариште останаа само празни зборови на хартија?

Левица потсетува дека загадениот воздух кој го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови на најнеспособните градоначалници од редовите на ДПМНЕ.

Граѓаните не заслужуваат лажни изговори и нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција. Вардариште може и мора да биде решено веднаш, а не да се користи како политичка алатка од страна на ДПМНЕ пред секои избори. – велат од Левица Аеродром

Back to top button
Close