Хрватска и Словенија потпишаа декларација за воена соработка

Хрватска и Словенија потпишаа денеска декларација за воена соработка, која хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ ја нарече „ново поглавје“ во веќе одличните одбранбени односи на двете земји.

Анушиќ и словенечкиот министер за одбрана Борут Сајовиќ потпишаа декларација за воена соработка во Загреб, која вклучува „се што може да се направи меѓу двете земји“ за вооружените сили и одбранбените индустрии на двете земји „да функционираат сè подобро и подобро“, рече хрватскиот министер.

На прашањето за споредбата на тој договор со декларацијата што Министерството за одбрана ја потпиша со Албанија и Косово во март оваа година, Анушиќ одговори дека „нема голема разлика“ меѓу нив. Министерството за одбрана е во контакт со Бугарија, која исто така би можела да се приклучи на оваа иницијатива, откри Анушиќ.

Тој нагласи дека хрватската и словенечката армија веќе добро соработуваат, но дека денешното потпишување означува почеток на „ново поглавје во односите“.

Двете страни сега продолжуваат со „поширок опсег на соработка“ и работат на „конкретни предлози“ што ќе бидат дискутирани веќе на саемот за оружје во октомври во Љубљана, објави тој.

Сајовиќ на прес-конференцијата рече дека „работите во светот се променија и ова бара понатамошно зајакнување на соработката во одбраната и во сите други области“.

Back to top button
Close